Maketo's shared items
by Maketo on 10/28/09
СРПСКИТЕ ВЛАДИЦИ ПИШМАН ШТО ГО ОТВОРИЈА „ПРОХОР ПЧИЊСКИ“
АСНОМ требало да го спаси Вранишковски
Српската православна црква (СПЦ) е зачудена од последните потези на Македонската православна црква (МПЦ) и македонската држава во врска со расчинетиот владика Јован. Српските владици најавуваат дека тоа значително ќе влијае врз односите меѓу двете цркви и се чудат за каква добра волја зборува архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан, во своите изјави. Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан по богослужбата на четвртиот Семакедонски црковен собор, кој се одржа во неделата во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, најави затоплување во односите со СПЦ. Според архиепископот Стефан, чествувањето на македонската делегација на Илинден во „Прохор Пчињски“ и одбележувањето на историската битка од Балканската војна од страна на српската делегација во Македонија е вистинскиот начин како треба да се однесуваат два братски и соседски народи. Од СПЦ потврдуваат дека имало контакти меѓу двете цркви, но по затворската казна на Јован, изречена од велешкиот суд пред десетина дена, тешко дека може да се очекува какво било приближување во односите меѓу двете цркви. Тие се изненадени од новата пресуда за Вранишковски, која доаѓа во период кога се прават обиди за нормализација на односите меѓу двете цркви. Токму затворањето на расчинетиот владика Јован беше една од главните причини за прекинување на контактите меѓу СПЦ и МПЦ, кои по неколкугодишна пауза беа обновени пред неколку месеци. - За официјален став за преговорите подобро е да разговарате со портпаролот на Синодот. Но, она што се прави со владиката Јован не остава без коментар. По нашиот убав прием на вашата владина делегација во манастирот „Прохор Пчињски“, следува ваква работа. Навистина несфатливо. Ние сме едноставно вчудовидени. Тоа не се случува ни во Африка. За каква добра волја се зборува, ве молам - вели епископот врањски, Пахомије. Портпаролот на МПЦ, Тимотеј, пак, вели дека архиепископот Стефан го кажал ставот на МПЦ и дека нашата црква е секогаш подготвена за продолжување на преговорите. Владиката Тимотеј вели дека нема информации оти имало средби меѓу двете цркви, но не може ниту да каже дека немало. - МПЦ секогаш е подготвена за средба со СПЦ за да се надминат проблемите, но за да се оствари таква средба треба волја од двете страни. Тие сега повеќе се интересираат за тоа кој ќе биде патријарх по повлекувањето на патријархот Павле отколку за МПЦ - вели г. Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ. И за политичките аналитичари е несфатливо зошто се случува нов бран на притисок врз расчинетиот владика Јован во период кога двете цркви јавно декларираат дека сакаат да се решет проблемите. - Навистина е несоодветно тоа што се прави со Јован затоа што работите полека почнаа да движат. Покрај тоа, сигурно има влијание и заладувањето на политичките односи по воспоставувањето дипломатски односи со Косово. Нема сомнение дека и СПЦ и МПЦ се под влијание на своите влади иако го негираат тоа - вели аналитичарот Дамјан Стојановски. Според него, показател за тоа е и начинот на финансирање на црквите. СПЦ добива милиони евра буџетски пари за своето функционирање, а однесувањето на црковните лица е премногу слично со она на политичарите за да биде случајно. - Кога нашата влада го ескивираше косовскиот претседател Сејдиу за сметка на зачестените средби со српскиот политички врв, одеднаш српските владици дозволија и чествување на Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“. Сега по воспоставувањето односи со Косово, од Белград доаѓаат нервозни тонови. Од друга страна, врската на МПЦ со државата е повеќе од видлива со прогонот на Јован - објаснува Стојановски.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1850&ArticleID=125035