Одредби и услови кои се применуваат на ваучерите за огласување на интернет:

  • Ги исполнувате условите за добивање на промотивен кредит ако сте (а) нов корисник на Google Ads и првиот преглед на реклама прикажана од вашата прва Google Ads сметка е направен во период не подолг од 14 дена пред да го внесете промотивниот код; или (б) постоечки корисник на Google Ads, но активирате нова функција или производ на Google Ads, или пак реактивирате неактивна сметка, како што е посочено од Google во ваучерот. Применливиот услов кој треба да го исполните е наведен во понудата која што ќе ја добиете од Google.
  • На огласувачите ќе им се наплатува за рекламирањето коешто го надминало промотивниот кредит. Огласувачите можат да ги стопираат нивните реклами во секое време пред истрошување на износот на промотивниот кредит доколку не сакаат да се изложат на дополнителни трошоци за рекламирање. Огласувачите нема да добијат известување кога промотивниот кредит ќе се потроши.
  • Понудата подлежи на одобрување на рекламата, валидна регистрација и прифаќање на стандардните услови и правила на Google Ads програмата.
  • Промотивниот кредит не е пренослив и не може да биде продаден или заменет.
  • Понудата може да биде отповикана во кое било време од која било причина од страна на Google Ireland Limited.
  • Огласувачите се одговорни за плаќање на сите применливи даноци.
  • Еден промотивен кредит му следува на еден корисник.
  • Од Вас може да биде побарано да направите минимален износ на трошоци за огласување и успешно да биде извршена наплата од Вашата сметка пред да биде применет промотивниот кредит.
  • Користењето на понудата може да биде ограничено да се врши само преку опциите за автоматска наплата.
  • Доколку создадете ваш Google Ads профил со различна валута од онаа во која е доделен вашиот промотивен кредит, износот на промотивниот кредит може да подлежи на девизни флуктуации.
  • Понудата важи само за корисници коишто имаат платежна адреса во Македонија.
  • Важноста на понудата истекува после 3 месеци од првото издавање на медиумот којшто го содржи Вашиот ваучер или на датумот на истекување на рокот којшто е наведен на Вашиот ваучер (ако има таков).
  • Вашето користење на овој ваучер и/или на промотивниот кредит претставува Ваше прифаќање на овие одредби и услови. Понудата не важи таму каде што е забранета со закон.
  • Се извинуваме што Ве изложивме на овој правен жаргон!